OhridNews во соработка со Мега Продукција ќе врши директен пренос од спортско-хуманитарниот настан кој ќе се одржи во спортското рекреативниот центар „Билјанини Извори“ за Јане Велкоски од Скопје.

8-годишниот Јане кој боледува од спинална мускулна атрофија е дел од проектот на УЕФА „еднаква игра за сите“. Јане да си го оствари својот сон поддршка доби од прославениот фудбалер Луис Фиго, а Пол Погба го покана на натпревар од Манчестер Јунајтед во Лигата на Шампиони.

Спортскиот настан со хуманитарен карактер ќе започне в недела во 11 часот и 30 минути, а охриѓани ќе играат ракомет и фудбал со и за Јане.

OhridNews