Во рамките на годишната програма на Сојузот за училиштен спорт – Охрид одобрена и поддржана од страна на Локалната самоуправа – Охрид и оваа година ќе се одржат лига во футсал и турнирски натпревари во одбојка, пинг-понг, шах и натпревари во атлетика за сите основни и средни уцилишта во општината.
Натпреварите во футсал ке започнат од в сабота во 9 часот во спортската сала „Билјанини Извори“. Еден час подоцна од почетокот ќе биде свеченото отварање каде ќе присуствуваат претставници на Локалната самоуправа-Охрид кои ќе ги поздрават сите натпреварувачи и ќе им посакаат успешни натпревари.
Динамиката на натпревари во предходно најавените спортови ќе се засилува во наредните потопли месеци април и мај а сите финални натпревари ќе бидат на 24 мај (СВ.Кирил и Методиј) денот на просветните работници, кога наградите за сите најуспешни екипи и поединци ќе ги додели Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески.
Целата организација потпомогната од професорите по физичко и здравствено образование поддржана од Локалната самоуправа. Сите родители, пријатели и вљубеници на спортот се поканети да дојдат во СРЦ „Билјанини Извори“ да ги бодрат учесниците.
OhridNews