Во организација на Здружението на риболовци „Црна Река“ од Битола деновиве се одржа Меѓународен меморјален Куп во спортски риболов „Црна Река 2013“. Натпреварот се одржа во дисциплината „пливка“, на акумулацијата Стрежево во близина на Битола. Учестуваа екипи на риболовци од Р. Србија и Р. Македонија меѓу кои и сениорската екипа на Здружението на риболовци „Св. Стефан“ од Охрид.
И покрај тешките услови, недоволно позната риболовна вода, екипата на Св. Стефан од го освои третото место во екипен пласман.
Најдобар поединец од охриѓаните беше Славко Наумоски, кој го освои првото место во својата зона и третото место во свевкупниот пласман во поединечна конкуренција.
Екипите на Здружението на риболовци „Св. Стефан“ од Охрид веќе наредната недела гi очекуваат натпревари во спортски риболов на Тиквешкото езеро кај Кавадарци и езерото Младост крај Велес.
OhridNews