Во организација на Спортско риболовниот клуб „Рибарска Вистина“ од Охрид на патеката пред хотел Десарет се одржа натпревар во спортски риболов во дисциплината „ Лов риба со јадица на пливка “.


На натпреварот зедоа учество шест  екипи од Електродистрибуција на Србија од ПД југоисток . Натпреварот  имаше квалификацинен карактер за понатамошни натпревари во спортско риболов во лига натпреварите  на државно ниво во република Србија,  каде има регистрирано  над сто илјади риболовци.


Овој натпревар е дел од зацртаната годишна  програма за 2011 година  на СРК „Рибарска Вистина“ за развој на спортско риболовниот туризам во Охрид  како гранка на Алтернативниот риболовен туризам.


Постигнати се следните резултати

Екипно
1.    ЕД Ниш
2.    ЕД Зајечар
3.    ЕД Пирот
4.    ЕД Врање
5.    ЕД Лесковац
6.    ЕД Прокупље


Поединачен пласман
1.    Влада Живадиновиќ од Ниш со освоени 6 поени и уловено 1660  грама.
2.    Мирослав Јордановиќ од Пирот со освоени 6 поени и уловено 1390  грама.
3.    Звонимир Стаменковиќ од Врање со освоени 6 поени и уловено 1060 грама.

Натпреварот се одржа согласно прописите на Светскта и Македонската риболовна федерација.

OhridNews