Спортско рибиоловниот клуб „Св.
Апостол Петар“ во отворено писмо до јавноста се пожали дека заради
нивните јавно изнесени ставови околу уредувањето на угостителскиот
комплекс кај Билјанини извори не им се дозволува влез во ресторанот.

Тие  обвинуваат дека на претседателот и членовите на спортско
риболовниот клуб не им се дозволува влез во ресторанот под изговор дека
се против узурпација на просторот кај Билјанини извори.

Со овој потег сопственикот на угостителскиот објект ги прекршува
граѓанските права на рибарите, се наведува во соопштението, во кое се
посочува дека рибарите први го кренаа гласот против узурпацијата на
просторот кај Билјанини извори и јавно бараат од институциите овој
простор  да влезат во категоријата на заштитени споменици за да неможе,
било кој и како сака да го преуредува тој простор и изворите.

Рибарите најавија дека ќе побараат заштита од сите домашни и
меѓународни институции на своите граѓански права и дека ќе се борат за
заштита на Билјанини извори,  кои, како што се наведува во
соопштението,„им припаѓат на сите граѓани а не на поединци, локални
моќници“.

Ohridnews