Спортските риболовци од СРК „Св.Апостол Петар“, вчера зедоа учество на спортсткото дружење ‘‘СПОРТ ЗА СИТЕ СИТЕ ЗА СПОРТ’’, кое се одржа на спортко рекреативен центар „Билјанини Извори“. Тие изложија риболовната опрема од познатата техника лов на блинкер со влечење на охридска пастрмка од пред 20 години и најсовремена опрема од најновите техники за лов на крап со јадица на дно и лов на риба со јадица на пливка. Можеше да се видат трски од 2 до 11 метри должина.
На најмладите им беа презентирани слики од сите видови на риби кои живеат во Охридско Езеро. Најчесто упатувано прашање од младите посетители беше како тоа рибари ловат на суво?! Во спортскиот риболов постојат и две фрлачки дисциплини тробој и петобој (кастинг) кои се одржуваат на суво, објаснуваа презентерите.
Дружењето со најмладите беше искористено за запишување на многу нови членови – пионери до 14 години , за посета на бесплатен курс по спортски риболов, ни изјави претседателот на СРК „Св.Апостол Петар “, Радован Димитриевски.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com