Финансирањето на спортот, менаџирањето, статусот на спортските објекти,  како и системот на физичкото образование во основните училишта како основа за развојот на спортот, се теми на 12-тиот Симпозиум за спорт и физичко образование на младите, што се одржува во Охрид.

На симпозиумот што Федерацијата на спортските педагози на Република Македонија  го организира  во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Факултетот за физичка култура и Сојузот на спортските федерации на Македонија , учествуваат околу 160 научни работници од земјата и регионот кои ќе се претстават со 90-тина  научни трудови од областа на спортот и физичката култура.  

Една од главните теми на симпозиумот ќе биде воведувањето  трет час по физичко образование во училиштата, ни изјави претседателот на Федерацијата на спортските педагози на Македонија  Александар Наумовски.   Тој информираше дека Владата  има изготвено програма за изградба на 145 сали за физичко образование, како и 35 сали за врвен спорт, 25 тениски игралишта и осум пливачки базени,  со што според негоќе се создадт услови за развој на врвниот спорт во Република Македонија.

Ohridnews