Специјализираните спортските паралелки во фудбал и ракомет ги презентираа своите знаења пред градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
– На мое големо задоволство повеќе од успешно во Охрид функционираат спортските паралелки во фудбал и ракомет. Се надеваме дека во иднина овој број на ученици ќе биде многу поголем и Охрид ќе биде расадник за спортските таленти не само во фудбал и ракомет. Паралелките се формирани со селекција од врвни стручњаци и педагози кои сега имаат задача да ги „ловат“ и развиваат спортските таленти од градот – рече Бакрачески.
Првиот човек на Охрид го посети и средното угостителско-туристичко училиште по повод патрониот празник „Ванчо Питошески“, а од училиштето возвратија со коктел за воодушевување.
Од вкупно 35 ученици во паралелката, 25 се фудбалери, десет се ракометари, а застапени се градовите Охрид, Ресен, Струга и Кичево.
Мх.П.