Германските спортски психолози од универзитетот во Мунстер извршиле истражување и откриле дека спортистите кои носат црвени дресови победуваат повеќе од останатите. Црвените имаат подобри резултати за 10 проценти. Стручњаците веруваат дека во црвена боја спортистите чувствуваат самодоверба и оставаат впечаток дека се подоминантни и поагресивни.
Истражувањето можда покажува зошто Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал се толку успешни. Научниците им покажале на судиите снимка на еден теквондо натпревар. Едниот натпреварувач бил во црвена, а другиот во сина боја. Потоа дигитално ги промениле боите. Натпреварувачот во црвено добил 13 проценти повеќе поени за истата борба отколку кога бил во сино.