Навивачката група „Рибари“ и прославата на 30-от роденден ќе го одбележат спортскиот викенд во Охрид.

Со измената агенда но со иста страст и мото „Приказната продолжува“, охридската навивачка в недела ќе го прослави 30-от роденден.

Прославата ќе започне на фудбалскиот натпревар помеѓу Охрид – Кораб во 13 часот. Главниот собир на навивачите ќе биде на плоштадот кај Чинарот. Од таму пеш сите ќе се упатат в сала на мечот Охрид – Пролет, кој ќе започне во 17 часот.

После завршувањето на ракометниот меч, „Рибарите“ на градскиот кеј ќе приредат незборавен пиротехнички спектакл.

OhridNews