Дел од натпреварите во седмата и осмата рунда од Детската фудбалска лига се одиграа во ново изградениот Спортски центар „Климент Колески“.

– Ни беше чест и задоволство што бевме домаќини на натпреварите од Детската фудбалска лига. Во иднина планираме повеќе вакви манифестации со кои ќе ги направиме децата среќни – рекоа од „Климент Колески“.

Тренерите беа неизмерно задоволни од можноста нивните членови да играат на „вештачка“ трева, а децата бликаа од среќа и даваа од се од себе да ги фасцинираат присутните.

– Ова за нив е ново искуство бидејќи секогаш тренинзите и натпреварите ги играме на трева. Задоволни сме од прикажаното и воопшто не се осети кај децата дека играат на „вештачка“ трева – сметаа тренерите.

Покрај натпреварите од Детската фудбалска лига во Спортскиот центар „Климент Колески“ основците од „Григор Прличев“ ги одржуваат редовните часови по физичко образование и култура.

Мх.П.