Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ со полна пареа се подготвува за големите спортски настани што следат во следниот период во градот Охрид.
Се реновираат кошаркаските игралишта, со поправаат таблите и обрачите, се одбележуваат терените, осветлувањето ќе се стави во функција и ќе се средат парковите во кругот на „Билјанини Извори“.
Интензивно се работи на средување и „шминкање“ на стадионот и свечената ложа. Во тек се работите околу изградата на теренот со вештачка трева, а сите овие активности се прават за подобар спортски живот во Охрид.
Охридското Јавно претпријатие има богато спортско мени и тоа Куп на Македонија ракомет во машка конкуренција, Светско кадетско првенство за жени во ракомет и меѓународен турнир во кошарка.
Ohridnews