По повод 144 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров денес се одржа спортски ден во спортската сала која го носи неговото име во с. Велгошти во организација на ООУ „Живко Чинго“ и Сојузот на училишен спорт од Охрид.
Пред присутните се обрати секретарот на Општина Охрид, Александар Китески кој посочи континуираното инвестирање во спортот, во спортската инфраструктура, во поединците веќе вродува со плод.
Охрид живее во духот на спортот. Во оваа прилика сакам да изразам благодарност до оранизаторите на овој настан, бидејќи нивните активности за афирмација и подигање на спортската култура особено кај најмалдите се во корелација со заложбите на Општина Охрид. Незимерна е радоста да се гледа во деца чии лица ги краси насмевка и задоволство. Токму такви се лицата денес на учесниците на овој спортски ден. Она што го прави посебен овој настан е тоа што преку спортска игра ќе научите дека постојаноста и посветеноста се најважни, а тие карактеристики ќе ви помогнат така да се однесуваат и во сите други области во понатаможниот живот, потенцираше Китески.
Дополнителен бенефит на ваквите манифестации, вели е тоа што придонесуваат за правилен психо-физички и социјален развој на нашите најмили – децата.
Со правилен психо-физички и социјален развој градиме здрава иднина, како што вели народната поговорка, „Во здраво тело – здрав дух“, додаде Китески.
Младите спортски таленти се натпреваруваа во дисциплините фудбал, баскет за машки и женски екипи, пинг понг и шах за мажи и жени. Подобрите во натпреварувачкиот дел ќе бидат наградени со пехари и медали.
OhridNews