Охридските екипи во фудбал, кошарка и ракомет зад себе имаат викенд за паметење победувајќи на сите натпревари кои ги одиграа.
Успешниот викенд за охриѓани го најавија ракометарките на Лихнид кои лесно и убедливо славеа над Преспа во четвртата рунда од Пионерската лига.
Кошаркарите на Охрид со висока победа над Ангели на најдобар можен начин се преставија во „Билјанини Извори“ и ги потврдија високите амбиции сезонава во второлигашкото друштво.
Во Општинска лига, Охрид продолжи да ги меле противниците. Овој пат жртва на „белите“ беше Вапила која имаше водство, но не и квалитет за победа над лидерот во Општинската лига.
Шлаг на тортата на успешниот викенд на охридските екипи беше убедливиот триумф на ракометарите во дербито со Прилеп во Супер лигата.
Охрид доживува спортска ренесанса сезонава откако на сцената се вратија фудбалот и кошарката, а ракометот како најуспешен спорт моментално е заштитен знак.
Мх.П.