Спортските натпревари кои ќе се одиграат викендов на охридско тло ќе бидат во знакот на хуманоста. Охридските екипи ќе се мобилизираат и со помош од охриѓани ќе му подадат рака на Трајан Целески-Тачо на кого му се потребни средства за нова победа во битката со болеста.
Хуминатирниот викенд на спортски план започна уште вчера на ракометниот натпревар помеѓу пионерите РК Сани 14 и РК Струга. Средствата од кутиите поставени пред влезот на салата ќе се уплатат на сметката од Тачо.
Во 13 часот, Фудбалскиот клуб Охрид во мечот да се биде или не пред своите гледачи ќе го пречека Кадино. Од клубот одлучија сите средства од билетите да бидат донирани, а и самите фудбалери ќе донираат одредена сума за лекувањето на Тачо.
Денеска, во СРЦ Билјанини Извори има двојна ракометна претстава. Во 13 часот на терен излегуваат ракометарките на Лихнид против Феникс, а потоа следува мечот помеѓу Охрид и Прилеп во кадетската конкуренција. На влезовите од салата ќе има кутии од Црвен крст во кој сите граѓани ќе можат да донираат.
Викендов во Охрид ќе изобилуваат културните и забавните настани на кои исто така ќе може да се донира за неуморниот борец и големиот вљубеник во спортот.
OhridNews