Со натпреварот против Куманово во “Билјани Извори“ кошаркарите на Билјана ги започнуваат натпреварите во пролетниот дел на сезоната. Натпреварот се игра во сабота во 13 часот.

„Фенерџијата“ во втората фудбалска лига, екипата на „Илинден“во ракмите на 20 коло од првенството ќе игра против Вардар Д. Поради суспендираниот терен во Велмеј, илинденци како домаќини играат во Новаци .

Првенството започнува и за охридските бели кои на домашен терен го отвараат вториот дел од сезоната во третата фудблска западна лига. Лидерот во првенството ќе ја пречека екипата на Делогожда, а натпреварот се игра во 14 часот .

По убедливиот пораз од Вардар 49-15, ракометарите на „Климент Охридски“ натпреварот од третото коло против Преспа го играат на домашен терен во Билјанини, сабота со почеток во 19 часот.

После двете победи  на стартот од натпреварите во Првата Б лига,  кошаркарите на АМАК фаворитската улога во првентвотото ќе треба да ја оправдаат на гостувањето во Гевгелија кај Кожуф.

Задоволни сме од стартот на првенството и вовоедните победи. Викендов не` чека тешко гостување во Гевгелија, екипата на Кожуф е една од оние кои се борат за влез во Супер лигата  – вели менаџерот Гацов .

М.Постолоски