ЈП “Билјанини Извори“ интензивно работи на санирање на санитарните јазли и соблекувалните на стадионот во комплексот. Спортскиот центар подготвен ќе ги пречека фудбалските екипи кои во зимскиот период ќе дојдат во Охрид на подготовки.


Доста запоставени беа овие простории кои се од големо значење за комплетнито изглед на стадионот. Ние како ЈП успеавме да ја средиме салата, па полека полека истото ќе го направиме и со стадионот – вели в.д. на ЈП “Билјанини Извори“ Иван Цветкоски.


Досега термини за тренирање и играње натпревари букираа екипита на Ренова, Силекс, Напредок, а најавени се и неколку второлигашки екипи од Србија.

Оваа сезона ЈП “Билјани Извори“ во соработка со екипите ќе се обиде да организира турнир, кој би траел еден или два дена. Наша желба е да се игра по италијанскиот систем, но конечната одлука ќе падне откако ќе се консултираме со екипите – завршува Цветкоски.

М.П.