Спортските риболовци од клубот „Свети Апостол Петар “ се задоволни од одлуката на Владата донесена на вчерашната седница со која е продолжен рокот  на конкурсите за доделување на концесија за стопански и рекреативен риболов во Охридското Езеро од 30 на 90 дена. Оттаму велат дека ќе ги одложат најавените протести.

Јавна расправа за риболовната основа на езерото мора да има, велат од спортско риболовниот клуб „Свети Апосто Петар “. „Во расправата треба да се вклучат сите релевантни институции , рекреативните риболовци но и сите блинкераши кои одеа да ја ловат охридската пастрмка со блинкер на влечење.Ловот на охридската пастрмка не е само риболов ,туку еден ритуал со кој живееја 1 700 риболовци од Охрид и 900 од Струга“, додаваат спортските рибиловци.

Ohridnews