Шпанската полиција изврши рација во фарма за канабис која се наоѓала на покрив од зграда во градот Игуалада. Според првичните информации, приведени нема но истрага е во тек.
Полицијата, канабисот кој бил одгледуван на две места го забележала во текот на преносот во живот од Велосипедската трка „Ла Вуелта“, која е една на најголемите спортски манифестаци во Каталонија.
? ? El helicóptero de #LaVuelta19 descubre una plantación de marihuana en una azotea. pic.twitter.com/Zhry3x1rng
— AUGC Guardia Civil (@AUGC_Comunica) September 3, 2019
Службениците заплениле 40 растенија.
Растењето марихуана на приватна сопственост за лична употреба е легално во Шпанија, но купувањето или продажбата на истиот останува кривично дело.