Големиот спортист и вљубеник во охридскиот спорт, Трајан Целески-Тачо нема да биде сам во втората битка со тешката болест. Пред две години Тачо се избори против тумор на мозокот, но болеста повторно му се врати. Треба да замине на лекување на 30.11 поради критичната состојба. Охридските клубови и спортисти, веднаш почнаа со мисија за собирање на потребните финансиски средства за лекувањето во Италија.
Хуминатарната мисија започнува утре. Специјален настан организира авто мото клубот од Охрид „Urban street car“, кој ќе ги изложи автомобилите од членовите. На посебен штанд ќе се продаваат блузи и налепници со лого од авто мото клубот, а собраните средства од продадените работи ќе се уплатат на сметката од Тачо.
В сабота, Фудбалскиот клуб Охрид последниот меч од есенската полусезона против Кадино ќе го посвети на големиот симпатизер. На влезот од стадионот ќе има кутии, а средствата од билетите ќе бидат донирани за лекувањето на Тачо.
Фудбалскиот клуб Охрид, активно ќе се приклучи во мисијата за собирање на потребните финансиски средства за лекувањето на охриѓанецот Трајан Целески-Тачо.
По тој повод, клубот одлучи сите средства од билетите од претстојниот второлигашки дуел со Кадино кој се игра в сабота во 13 часот да ги уплати на сметката од неуморниот борец и вљубеник во спортот.
Дојдете на стадион, бодрете го Охрид и донирајте за Тачо!- стои во соопштението од охридскиот клуб.
Низ градот ќе се одржат културно-уметнички настани кои исто така ќе бидат во знакот на хуманоста и за помош на охриѓанецот Тачо.
OhridNews