Во периодот од 01 до 03 септември во Охрид се одржуваат Спортски игри за ученици со посебни потреби од основното и средното образование.
Учениците се натпреваруваат во повеќе дисциплини. Наша чест е како училиште кое низ активности се обидува и континуирано работи за унапредување на образованието и овозможување инклузија на децата со посебни потреби, што сме вклучени во организацијата на настанот. Да им посакаме на сите учесници успех во Спортските игри и секој да понесе медал. Многу е полесен животот кога знаеме дека не постојат различности!, велат организаторите.
Спортските игри се одржуваат во огранизација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Министерството за образование и наука.
OhridNews