Под мотото „По врвиците на борбата за македонска државност” на 1 август во чест на големиот празник Илинден се организира спортскиот фестивал Илинден 2022 информираат од Спортско-рекреативниот клуб „Соларис“ од Струга.
Овој спортско-културен хепенинг се организира како израз на почит и сеќавање на револуционерната борба за државност и самобитност, на сите кои со својата борба и саможртва во двата Илиндена ја создадоа македонската држава. Преку спортски активности токму на просторите каде се одвиваа едни од најголемите битки, каде се создавани најголемите воени единици, да ги одбележиме двата Илиндена, нивната врска и историски след кој натаму водеше до создавање на независна држава Македонија, додаваат од клубот.
Спортскиот настан е во организација на Спортско-рекреативниот клуб „Соларис“ од Струга, а во соработка со Клубот за друмски велосипедизам „Фаланга“ Струга, клубовите за планински велосипедизам „Рупикапра“ и „Караула” од Струга, Планинарско Еколошко друштво „Закамен“ Струга, како и со учество на сите други заинтересирани клубови, спортисти, ентузијасти, професионалци и аматери, со поддршка и помош од Црвен крст – Струга, спонзорите, помагачите и пријателите.
OhridNews