Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ на 12 април во петок од 10 до 14 часот ќе организира спортски ден за активните вработени во Општина Охрид и Јавните претпријатија.
Спортското дружење и поттикнувањето за практикување на спорт и рекреација кај вработените секогаш позитивно делуваат во насока на подобрувањето на комуникацијата, тимската работа, мотивацијата и продуктивноста а со тоа и целокупната работна атмосфера во самите претпријатија и општините. Водејќи се со таа цел ние како претпријатие ги покануваме сите вработени и мажи и жени од јавните претпријатија од Охрид и општината Охрид да се приклучат и да бидат дел од ова несекојдневно дружење. – стои во соопштението од ЈП „Билјанини Извори“.
Учесниците ќе се натпреваруваат во мал фудбал, пинг понг, кошарка и тенис. Спортскиот ден ќе се одржи во отворен и затворен простор. Дел од натпреварите ќе се одиграат во СРЦ „Билјанини Извори“, а дел на отворените терени.
ЈП „Билјанини Извори“ за првопласираните три екипи во сите категории има обезбедено награди и тоа пехари, медаљи и признанија.
OhridNews