По повод 143 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров, ОУ „Живко Чинго“ и Сојуз за училишен спорт – Охрид организираа спортски ден за учениците во основните училишта во Општина Охрид.

Натпревари се одржаа во дисциплините фудбал, баскет, шах и пинг понг. Наградите на најуспешните им ги додели градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Уште еднаш им честитам на сите учесници и организаторите и ветувам дека Општина Охрид постојано ќе им биде поддршка и ветар во грб во организацијата на вакви манифестации, рече Пецаков.

OhridNews