За децата кои престојуваат во специјалната болница за ортопедија и трауматологија”Свети Еразмо”, Младинскиот совет на Охрид завчера организира спортски ден.


Заедно со волонтерите на МСО децата се дружеа повеќе од два часа но и играа фудбал, кошарка, тенис и одбојка.
Тие ги користеа спортските реквизити на ” Дексико” од Скопје кои беа донација за програмата “Млади во акција ” што ја реализира Младинскиот совет.


Сакајќи да им го доближат  спортското секојдневие, волонтерите на оваа невладина организација во своите следни активности планираат на децата од болницата да им овозможат посета на некои од спортските клубови во Охрид.

Ohridnews