По повод 4-ти март, денот на раѓањето на Тодор Александров во спортската сала која го носи неговото име, од страна на ОУ „Живко Чинго“, и Сојузот за училишен спорт, а под покровителство на в.д. градоначалникот, Константин Георгиески, беше организиран спортски ден.
- Навистина ме радува фактот што Охрид како град може да се пофали со голем број на ентузијасти, особено во сферата на спортот. Ова е од големо значење за градот, бидејќи преку промоцијата на здравиот и активен начин на живот ги поттикнуваме да чекорат по вистинскиот пат. Токму тоа е причината што денес сме овде собрани во спортска сала „Тодор Александров“ во Велгошти, да го означиме почетокот на оваа спортска манифестација. Ваквите настани секогаш се сон за сите играчи и место каде може да ги покажат своите знаења и вештини. Се надевам дека овој настан ќе претставува дополнителна инспирација кај младите луѓе што поактивно да се занимаваат со спорт. – истакна в.д. градоначалникот Георгиески.
Во рамки на манифестацијата беа организирани натпревари во повеќе дисциплини и тоа во мал фудбал, баскет, пинг понг и шах во машка и женска конкуренција