Со саниран и бојадисан паркет, нова записничка маса и мрежи на головите и освежени бои на ѕидовите покрај теренот Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ ќе ги пречека клубовите кои ја бранат охридската честа во националните шампионати.
- Јавното претпријатие Билјанини Извори во изминатите две недели во рамките на своите можности се посвети кон подобрување на условите кои ги нуди Спортската сала “Билјанини Извори” се со цел да овозможи достоинствени услови за тренинг, натпреварување и рекреација за сите клубови, федерации и рекреативци. Санацијата на паркетот, новата записничка маса, новите мрежи за головите за ракомет и мал фудбал, освежувањето на боите на паркетот и sидовите покрај теренот се само дел од активностите кои беа реализирани. – стои во соопштениет од ЈП Билјанини Извори.
Ракометниот клуб Охрид дел од подготовките ги одработи во салата во Велгошти, охридските кошаркари како солуција ја одбраа сала во ОУ Григор Прличев, а Женскиот ракометен клуб тренираше на отворено односно на помошните терени во склоп на „Билјанини Извори“.
OhridNews