Искачувањето на Мишко Танески на Ајланд Пик, триумфот на Ацо Јосифоски на европското првенство во таеквондо како и освојувањето на куп трофејот на Амак СП, беа најголемите достигнувања на охридските спортисти во минатата 2009 година.

Јануари

Првиот месец во годината вообиачено резервиран за ракометните збиднувања. Кога бубамарата не се тркала, а спортските сали се празни сите погледи беа впререни во Хрватска, во Вараждин и Задар. Македонската ракометна репрезентација повеќе од достоинствено се прикажа во Хрватска. “Црвено – жолтиете“ завршија на 11 место, додека капитенот Кире Лазаров се искачи на врвот на светот. Со 92 постигнати гола Лазаров е најдобриот стрелец во историјата  на светските првенства.


Едриличарите беа дел од новогдишната регата во Хрватска, а олимпијците Реџеп Селман и Иван Рожман се прогласени за најдобри атлетичари за изминатата 2008 година.

Насмеани, ведри детски лица  во спортската арена „Билјанини извори“ на турнирот во одбојка, што во чест на роденденот на Тоше Проески се одржа во Охрид.Турнирот во одбојка кој го оргазнизираат Црвениот крст од Охрид, Сојузот за училишни спортови и јавното претпријатие  “Билјанини Извори” беше искористен да се промовира новата  конструкција за одбојка со која се очекува во иднина овој спорт да заживее во Охрид.

Февруари

На лицитацијата за домаќин на националниот Куп единствен кандидат беше КК Амак СП, кој заедно со туристичката агенција Вис-Пој од Охрид ја добија организацијата.

Охридскиот Амак СП прв пат сезоната ја почувствува горчината на поразот на домашен терен, откако беше совладан од првакот Фени Индустри со 78-85 во дербито на 15. коло во првата кошаркарска лига на Македонија.

Српскотото второлигашко дерби не го дочека својот крај. „Пријателскиот“ натпреварот во Охрид помеѓу лидерот на второлигашката табела Смедерево и Инџија беше прекинат во 35 минута откако настана општа тепачка помеѓу играчите на двете екипи.


Македонскиот ракометен првак Ѓорче Петров со победа се прости од евро натпреварувањта. Во реванш осминафиналниот натпревар во  купот на куповите, македонскиот шампион го совлада Баер Леверкузен со 21:20, доволно само за достоинствено простување од европската сцена.

Минимален пораз на охриѓани (0-1) на стартот од продолжението на првенството. Од “Билјанини Извори “ со цел плен си замина Кожув.

Охриѓанецот Бојан Ристевски претпрпе пораз на дебитантскиот настап на боксерскиот турнир “Странџата“ во Пловдив, Бугарија. Ристевски во категоријата до 69 кг. со 6:1 загубил од натурализираниот Бугарин Араман Наковјан. 
Амак СП со победа ги започна натпреварите од Супер Лигата. Охриѓани триумфираа над Пелистер со 85-57.

Март

Македонската селекција под 21 г на „Билјанини Извори“ со 2-0 ја совлада соодветната селекција на Црна Гора, во првиот натпревар  додека остсуството на неколку стандардни првотимци и неодговорната игра во одбраната беа одлучувачките моменти во високиот пораз на Македонија на втората тест средба против Црна Гора во Охрид

Охридскиот Амак СП триумфираше на 17-то издание на купот на Р.М. Охриѓани во финалето со 77-60 го совладаа битолски Пелистер.


Михајло Михајловски е новиот претседател на Ракометната федерација на Македонија. Со 35 гласа од 65 делегати на Собранието, Михајловски ја доби довербата да продолжи да работи како предводник на македонскиот ракомет.

Битолчанецот Неџат Хусеин – Џате беше назначен за нов тренер на охридската клупа. Трите порази во серија беа доволен сигнал управата на клубот да се одлучи за вакво решение, носејќи го искусниот Џате.

Хокеарите на “Баните“ беа победници на првиот меѓународен турнир во хокеј на трева кој се одигра во Охрид. Бугарскиот преставник “Баните“ во финалето го совлада охридскиот “Стик 2007 “ со 5-1.

Европската фудбалска асоцијација – УЕФА, покрена истрага против македонскиот фудбалски клуб Победа од Прилеп, нејзиниот претседател и еден нејзин играч за местење натпревар од квалификациите за пласман во Лигата на Шампионите.

Април

Во спортската сала МЗТ ”Јане Сандански” беше одржан карате турнирот НАДЕЖИ – ИНТЕРНАЦИОНАЛ кој е во листата на официјални турнири на КФМ. Охридскиот карате клуб “КУН-СУ-ТО” учествуваше со 10 натпреварувачи и освои три бронзени и една сребрена медалја.

Во Прилеп се одржа куп натпреварувањето  со воздушно оружје-  национална програма во категорија на пионери и пионерки. Во поединецна конкуренција во категорија пионери првото место му припадна на Блажески Мики од СК,, Охрид,, со освоени 173 кругови. Апостолоски Бобан заврши на 4-то , на 5-то место Кадир Веселоски , на 8-мо Гоџоски Мартин  на 10-то место Томаноски Велице со 152 круга.

Раководството на ФФМ и селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Сречко Катанец, се договорија спогодбено да го раскинат договорот со што заклучно од 1. Април 2009г. престануваат сите обврски на комплетниот стручен штаб на националниот тим.


Финалниот дуел во категоријата до 69 кг помеѓу охриѓанецот Бојан Ристески  и србинот Зоран Митровиќ е прогласен за најборбен меч на 47. традиционалната боксерска ревија „Белградски победник“.Бојан загуби со 22-8,  но воопшто не раочара. Претходно во полуфиналето во Ваљево, Ристески со прекин во 2. рунда го совлада домашниот боксер Ковачевиќ.

Битолчанецот Неџат Хуесин – Џате го напушти ФК Охрид. Не помина ни месец дена откако Хусеин дојде на клупата на Охрид, но не најде заеднички јазик со управата на охридскиот клуб која се менува како на филмска лента, по што одлучи да го напушти охридскиот второлигаш.

Поранешниот македонски првак прилепска Победа заработи осум годиншна суспензија од евро натпреварите, додека Николче Здравески и Александар Забрчанец добија доживотна забрана за фудбалска активност

Фудбалерите на Охрид ја прекинаа црната серија и по пауза од единаесет кола забележаа победа. На теренот во Битола , Охрид со 1-0 го победи Маџари.

Крај на сезоната за Амак СП. Охриѓани во мајсторката од четвртфиналната серија беа поразени дома од МЗТ Скопје со 89-88. Првата победа во петтиот натпревар на охридско тло за “штрковите“ значеше пласман во полуфиналето од разигрувањето за титулата.

Мај

Вигор Скопје стана старо новиот шампион во женската кошаркарска лига. Вигорки во третиот натпревар од финалната серија со 78-44 ја совладаа охридската Билјана и со чисти 3-0 ја освоија титулата.За скопјанки ова  беше третата последователна двојна круна во женскиот шампионат.

Небесно – сините на Пандев го освоија трофејот во Купот на Италија. Лацио во финалето со 7-6 на пенали ја совлада Сампдорија.Натпреварот во регуларниот дел заврши без победник 1-1, додека голови немаше во продолженијата.Зарате го отвори резултатот на старот на мечот, додека Пацини изедначи на 1-1.

Работнички го одбрани трофејот во националниот куп. “Железничарите“ ја совладаа Македонија ЃП по изведувањето на пенали со 7-6.

Барселона е новиот првак во лигата на Шампиони. Каталонците до третиот триуммф во најелитоното европско клупско натпреварување стигнаа откако во финалето во Рим со чисти 2-0 го совладаа бранителот на трофејот Манчестер Јунајтед.

Таеквон-до мајсторот Ацо Јосифоски од ТК „Хваринг Фист“ од Охрид, го освои првото место на Европскиот шампионат во борби до 71 килограм, што од 25  до 30 мај се одржа во Умаг, Хрватска.


Јуни

Македонија ремизираше 0-0 против Норвешка во петтиот натпревар од квалификациите за СП 2010 г. во ЈАР. „Црвено – жолтите“ со ремито ја прекинаа серијата од три порази во низа.Македонија го прекина постот откако  на “Филип II “ со чисти 2-0 го совлада стариот должник Исланд.


Најтрофејниот македонски клуб Фершпед Работнички е новиот кошаркаски владател. “Шпедитерите“ до титулата стигнаа откако од тронот го симнаа бранителот Фени Индустри.

На 24 јуни пред 30 години во охридско се одиграа легендарните натпревари на кои беа вкупно постигнати 223 гола.

Македонските едриличари Ердал Лушо од ЕК СНЕГАР Струга и  Димитар Поп- Стефанија од ЕК СТРМЕЦ Охрид го заокружија натпреварувањето на овогодинешната регата за Оптимист – Оптињеек, која од 25-30 јуни се одржуваше во Истанбул, Турција.

Јули

По пауза од девет години Охрид повторно беше во центарот на вниманието на кошаркарските младинските натпреварувња. Во 2000 година Охрид беше домаќин на ЕП за кошаркари до 20 години, а од 6 до 15 јули беше домаќин на ЕП б дивизија за кошаркарки до 20 години.


Македонија заврши последна на ЕП кое помина во илегала, на кое тримфираше селекцијата на Холандија . Холандија во финалето беше подобра од селекцијата на Романија победувајќи со 59-53. Двете најдобро пласирани репрезентации обезбедија пласман во А дивизијата.

Стојан Попоски е победник на првиот натпревар во триатлон кој денска се одржа во Охрид. Попоски патекта долга 25,7 километри по вода и копно, ја помина за 1,01 ч. Втор на целта помина Душко Величковски , додека трет трката ја заврши Никола Кутаноски.

Бугаринот Петар Стојчев по осми пат триумфираше на Охридскиот пливачки маратон, кој годинава се одржа по 23 пат. Маратонецот Стојчев ловоровиот венец го прими од покоровителот на манифестацијата преседателот на државата Ѓорѓе Иванов. Тоа е трет преседател кој го одликува Стојчев за победа на охридскиот маратон.

Македонската ватерполо репрезенатација деби настапот на светските првенства го заврши со три порази во исто толку натпревари.

Август

Евгениј Поп Ацев од ПК Студент Скопје трета година по ред триумифира на Илиндескиот куп. Популарниот мал маратон кој годинава се одржа по јубилеен 30 пат, Поп Ацев го преплива за 26, 44 минути. Во женска конкуренција победи Ивона Младеновска од ПК Студнет- Скопје со време 35,40 минути.

Околу 80 едриличари од пет земји учествуваа на тридневниот спектакл на вода на 41-тото издание на Илинденската едриличарска регата. Клубот домаќин АМАК СП БОФОР кој по возобновувањето шеста година  по ред е организатор на регатата по петти пат е освојувач на престижната награда за севкупен победник„ Златна маска“ .

Роберт Тодоровски е победник на државното првенсто во туркање на рака, кое се одржа во Охрид. Тодоровски по четврти пат триуимифра во категоријата над 95 кг, откако во финалето го победи Османоски Мевљудим.

Словенецот Јака Горенц победи на Светскиот Куп во параглајдинг, дисциплина прецизно слетување, кој  за Илинденските празници се одржа во Охрид. Второто место му припадна на неговиот сонародник Антон Својаш додека трето пласираниот заврши Мартин Јованоски.

Македонската кошаркарска репрезентација на два пати ја победи селекцијата на Словачка на пријателските натпревари кои се одигра во Охрид, во салата Билјанини Извори, во рамките на подготовките за Еп во Полска

Четири први, три втори и три трети места за веслачите на охридскиот “Југ“ на Меѓународната Илинденска регата, која се одржа во водите на Охридското езеро.

Црн Дрим од Струга го освои првото место во екипна конкуренција на осмата кајак-кану регата Охрид 2009, што денеска се одржа на Охридското Езеро. Второпласирана беше екипата на Радика од Дебар, а третото место го освои Орка од Анкаран Словенија.

Екипата на Охрид како лидер на второлигашката табела ќе го пречека второто коло. “Рибарите“ на првата позиција се најдоа благодарение на највисоката победа во првото коло над Цементарница со 3-0.Охридските бели се погрижија за уште едно изненадување во првата рунда од купот. На “Билјани Извори “ Охрид со убедливи 3-0 го совлада второпласирниот во првата лига Хоризонт Турново.

Септември

Македонската кошаркарска репрезентација претрпе пораз во одлучувачкиот натпревар за пласман во најдобрите осум на континетот. Во изедначен и до крај неизвесен натпревар актуелниот првак Русија успеа да не` совлада со 71-69. По овај пораз Македонија на деветото место со биланс од две победи и четири порази го заврши настапот на Евробаскетот.


Поради омаловажување и инсистирање на домаќинот да се прифати ултиматумот на грчкиот тим, македонската едриличарска репрезентација по инцидентот на отворањето ја напушти Балканијадата што се одржува во во Долни Милановац – Србија.

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев не направи трансфер во преодниот рок и во наредната година остана во римскиот калчолигаш.

Македонија претпре пораз Шкотска со 2-0 на одлучувачкиот натпревар за пласман на СП 2010 г.во ЈАР. По одличното прво полувреме, играта на избраниците на Јонуз се распадна како кула од карти. Македонската фудбалска репрезентација претпре уште еден пораз во четири дена од Норвешка со 2-1 и квалификациите за СП 2010 г во ЈАР ги заврши на четврото место во групата.

Шпанецот Марк Роиг победи на 24 издание на меѓународен атлетски маратон, што по повод Денот на независноста 8 Септември традиционално се одржува во Охрид. Роиг патеката долга 30 км од караулата кај Св. Наум до Охрид ја претрча  за 1 час 40 минути и 30 сек, што е за една минута послабо од рекордот на патеката 1:39,13 кој е во сопственост на Борислав Девиќ од Србија.


Охридскиот ракометен клуб Климент Охридски престана да постои. Клубот во својата кратка историја преку втората лига и бараж натпреварот стигна до ракометната супер лига и во својата деби сезона во најелитното друштво успеа да избори пласман во еврокуповите, но финасиите го откажаа учеството во Европа. Една година подоцна охриѓани завршија на дното на табелата пошто се преселија во понизок ранг.

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јовица Арсиќ поднесе оставка.  Србинот на македонската клупа помина три од планираните четири години. Тој на прес конференцијата  рече дека по освоеното девето место на Европското првенство време е да се направат промени на селекторското место.

Бугарската јуниорска гимнастичка репрезентација победи на балканскиот шампионат што се одржа во салата “Билјанини Извори“. Бугарската репрезентација до победата ја предводеше Велислав Вжлчев кој беше неприкосновен во сите дисциплини. Првенството кое мина во организација на Федерацијата за гимнастички спорт на Македонија учество зедоа околу стотина гимнастичари-ки. Преседателот на федерацијата Љупчо Арнаудов беше задоволен од одзивот на публиката и начинот на кој беше одбележана 100 годишнината од гимнастиката во Македонија.

ФК Охрид се откажа од понатамошна борба во националниот фудбалски куп. Управата на Охрид го известила комесраот за натпревари при ФФМ дека поради финансиски причини нема да ги продолжат натпреварите во националниот куп со што противникот на “белите“ , Пелистер оди директно во 1/4 финалето. Охрид во првата рунда го елиминираше Турново со 3-0, додека првиот дуел во осминафиналето го загуби од Пелистер со 2-0.

Октомври

Апсолутна доминација на српските “Кендоки“ на третиот балкански кендо куп кој се одржа во Охрид. Во екипното натпреварување во финалето првиот српски тим го совлада вториот, додека со бронзени медали се закитија Романскиот прв тим и Бугарскиот втор тим. На третиот балкански кендо куп учество зедоа 120 натпреварувачи од седум држави. Наградите на најдобрите во оваа традицонална јапонска дисциплина им ги додели преседателот на МОК Васил Тупурковски.

Со приогдна програма и поздравни говори на преседателите на Европската шаховска федерација Борис Кутин, Македонската шаховска федерација Петар Гичароски и директорот на Агенцијата на Млади и Спорт Драган Ѓурчевски  беше отворен Европскиот клубски куп во Шах кој до 11 Октомври  се одигра во Охрид. Преку 600 шахисти од 37 земји се пријавија за Европски клупски куп (ЕКК) што се одржа во Охрид (3-11 октомври).

Три екипи со по двајца учесници беа дел од првиот трунир на шах под вода кој во организција на НК Клуба “Амфора“ од Охрид се одигра кај Градиште кај “заливот на коските “ во склоп на ЕКК во Шах.  Покрај охридскиот клуб, учествуваа екипа на ТВ Сител како и НК “Гусар“ од Ниш. За време на одигрување на турнирот присутен беше преседателот на ЕКУ Борис Кутин, а снимен беше и документарен филм кој ќе им биде доделен на делегатите на ФИДЕ.

Охридскиот планинар Мишко Танески по 23 часа напорен пат пристигна во Катманду,Непал . По разгледувањето на градот и набавувањето на дополнителната опрема Танески со својата експедиција заминува за Лукла од каде започнува 20  двневното искачување на  врвот Ајланд Пик во округот на Монт Еверест

Футсал екипата на Охрид претпре минимален пораз од СЕ Универзитет со 7-6 на премиерниот натпревар пред домашна публика.

Охриѓаните Гоце Мојсоски и Бобан Наумоски ги одбранаа титулите на државниот натпревар во боди билдинг  Мојсоски беше најдобар во средна категорија и втора година по ред во Охрид се враќа со титула во оваа категорија. Наумоски пак трета година по ред ја одбрана тиутлата во јуниорската категорија

Охридските боксери Бојан Ристески и Илче Јоноски победија во своите категории  во 5. коло на екипното првенство на Македонија, во Скопје.На првенството учествуваа седум клуба: Скопје, Шкупи, Тернипе, Баргала Штип, Охрид, АС Прилеп и Синди Струга, со вкупно 40 боксери во три возрасни категории (сениори, јуниори и кадети)

Ноември

Охридските бели по цели девет кола пауза ја забележаа втората победа во првенстовото. За бегство од дното “белите“  го совлада кичевски  Влазерими со 4-1. Победата над Влазерими беше дебитнатска за Гоце Маркоски кој од неодамна е “шефува“ со рибарите.

Градоначалникот на Охрид Александар Петрески со чек вреден 30 илјади денари ги награди охридските атлетичарите кои ја годинава се закитија со двојната круна. Атлетичарите на АК Охрид се државни прваци во сениорска и младинска конкуренција во Македонија


Кошаркарската прва лига продолжи без акутелниот куп освојувач АМАК СП. Амак СП е исклучен откако не ги одиграа двата последни натпревари, со Фени Индустри, односно Овче Поле.

Харалампие Хаџи- Ристески остана на преседателската функција во Фудбалска федерација на Македонија.На   изборно собрание од вкупно 97 гласачи, 12 не гласаа, а од останатите 85, Хаџиристески доби вкупно 82, наспроти само 3-те за Благоја Николовски.Хаџи- Ристевски на чело на македонскиот фудбал ќе остане до 2013 година

Четири од шестте натпревари од првата МФЛ не се одиграа откако дел од екипите ги бојкотираа натпреварите. Фудбал не се играше на стадионите на Железарница, Чаир, на Националната Арена „Филип Втори” и во Куманово.

Струшки Караорман ќе презими на врвот на табелата во третата лига Југозапад. Клубот кој во својата историја беше дел и од првата македонска лига годинава преку натпреварите од третата  лига ќе се обиде да се врати во второлишкото друштво.

Честитки, пофалби и спортска опрема добија членовите на пионерските фудбалски екипи “Еврофудбал 2000 и 2001” кои се натпреваруваат во Детската фудбалска лига која брои 106 екипи, на приемот што во нивна чест го организираше градоначалникот на Охрид, Александар, Петрески.

Декември

Охридскиот планинар Мишко Танески имаше ретка можност да го погледне светот од над 6000 метри надморска височина од врвот Ајланд Пик на Хималаите. Покрај охридскиот планинар беа уште тројца Македонци, Никола Петров, Мине Павлов и Билјана Серафимовска.


Комесарот за натпревари при ФФМ, Миле Спиркоски дискфаликува Македонија Ѓорче Петров и Слога Ј.
 
Охридските “ бели“ есенскиот дел од сезоната го завршија на 13 позиција со седум освоени бода и гол разлика 12:26 .

По повеќе од 20 дена работа на стадионот “Билјани извори“ заврши поставувањето на тартан подлогата. Италијанскиот тим немаше многу среќа со времето, целата работа се оддолжи, но видно беше задоволството на лицата на пристуните на последната “клапа“ од мозаикот наречен атлетска патека.


Натпреварот помеѓу футсал екипите на Охрид 1921 и Куманово 1903 не го дочека својот крај. Мечот беше прекинат на 16 секунди пред крајот,  при резултат 5-6, откако охриѓани незадоволни од една одлука го нападнаа судијата Темелков по што овај го прекина натпреварот.

Охриѓани преку спортското друштво “Ехо КК” ќе ги заживуваат спортовите на вода, кои долги години живуркаат во Охрид. Преседателот на ова новоформирано здружение Олег Маленко истакна дека тие се отворени за соработка со постоечките клубови и со сите оние кои ги сакаат водените спортови.


Македонскиот интернационалец Горан Пандев го доби спорот со римски Лацио. Судот во Милано го раскина договорот на Пандев со Лацио, по што напаѓачот е слободен играч.

Спортската редакција на Ohridnews ви посакува среќни и весели празници со желби за успешна година

М.Постоловски

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com