Во сабота на 26 март охридските екипи во кошарка и ракомет своите мечеви ќе ги одиграат на домашен терен што нуди маратон возбудувања во „Билјанини Извори“.
Кошаркарите на АВ Охрид во 18 часот во рамките од 16-та рунда во Втората лига ќе го пречекаат тимот на Академија ФМП. Охриѓани се големи фаворит и не би требало да имаат проблем со екипата на ФМП која се наоѓа во долниот дел од табелата.
После завршување на кошаркарскиот натпревар на сцена стапуваат „гладијаторите“ кои ќе се судрат со Тинекс Пролет во претпоследниот натпревар од регуларниот дел од Супер лигата.
Двата спортски настани во вечерните часови ќе ги најават ракометарките на Лихнид кои точно напладне силите ќе ги одмерат со тимот на Стружанка.
Спортот во Охрид како никогаш до сега не понудил толкму многу возбудувања и квалитетни мечеви во еден ден. Затоа, охриѓани подгответесе !
OhridNews