“На чекор до Шпанија “

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација ја “прегази“ селекцијата на Естонија, победувајќи ја со неверојатни 95_50. Нашите кошаркари прикажаа одличен натпревар пред преполната сала “Јане Сандански” и се изборија за највисока победа во еден квалификациски натпревар .
Со синоќешната победа не е извојуван пласманот на Европското првенство, кое од 3 до 16 септември ќе се одржи во Шпанија. За пласман на бараж-турнирот во Менорка, по чие одигрување ќе биде познат последниот патник за најсилното кошаркарско натпреварување на стариот континент, во сабота против Шведска, македонските кошаркари мора повторно да стигнат до победа.
Со ваква игра избраниците на Јовица Арсиќ може да се надеваат на  победата над Шведска .

 

“Снема струја на Градски “

Богатата спортска среда ја разубави и нерешениот резултат на македонската фудбалска репрезентација против селекцијата на Нигерија.
Нашата 67-мо пласирана репрезентација на последната ранг листа на ФИФА, одигра одлични 0_0, со педесет и едно место повисоко рангираната селекција на Нигерија.
За одбележување е голот на Аце Стојков, кој поради офсајд беше поништен, како и 100 отстотната шанса на фудбалерот на Лацио, Макингва, кој излезе сам пред Милошевски, но нашиот голман со одличен рефлекс го спречи водството на популарните “орли”.  
За Катанец ова е прво реми на Градскиот стадион во Скопје. Досега пред домашната публика Катанец, откако е на клупата на репрезентацијата на Македонија има забележано 4 порази и тоа од_ Бугарија, Англија, Русија и Израел.
Поради прекин на електричната енергија пријателскиот меч беше во прекин околу 20-тина минути

“Дренте доволен за победа“

На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари Со голот на играчот на Реал Мадрид  Ројстон Дренте. во 25-та минута европскиот шампион Холандија  минимално 1-0  славеше  над македонските фудбалски надежи во првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство за играчи до 21 година, кое следната година ќе се одржи во Шведска,
Дренте во текот на летниот преоден рок од тимот на Феенорд се пресели во тимот на Кралевите за сума од 13 милиони евра.Во петтата квалификациска група, покрај Македонија и Холандија, се уште и селекциите на Норвешка, Швајцарија и Естонија. Селекторот Јонуз најави борба за третото место во групата.

“Толку е снагата“

Без повредениот Пецаковски и по евидентниот пад на самодовербата по поразот на Германија од Шведска 24-26 младите македонски ракометари беа поразени од соодветната селекција на Франција со  21_27.

Македонија ја освои 5-та позиција во групата А и во петок против Русија ќе игра за деветтото место на светското јуниорско ракометно првенство. И овој резултат е огромно достигнување за нашите ракометари, ако се има предвид дека цел пред првенството беше пласман помеѓу најдобрите 10 селекции.

М. Постолоски