Охридњуз објавува серијал текстови во кои ќе ги претстави успешните охридски приказни во годината што измина, кои се позитивен пример и мотив за заедницата. 

Младите спортисти од Таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ” од Лескоец 2023 годин ја испишаа со златни букви.

Во април на Европското првенство што се одржа во италијанското летувалиште Јесоло, Христијана Парулеска се закити со два медала, злато во борба и сребро во категоријата борба со замислен противник.

Парулеска имаше повеќе од успешен настап и на Светско Таеквон-до ИТФ првенство што се одржа оваа година во Астана, Казахстан, каде освои бронзен медал во спаринг борби во конкуренција на јуниорки од 14 до 15 години.

Таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ” оваа година освои бројни одличја на значајни меѓународни натпревари (Зворник, Софија, Острава), што само го потврдува квалитетот што овој спортски колектив го поседува, а кој го сочинува и костурот на македонска таеквон-до репрезентација.

OhridNews признанието за „Спортска приказна на годината“ му го додели на Таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ”.

Успешната спорстка приказна е поместена во 10-то издание на Годишната ревија на настани за 2023 година.

OhridNews