По заеднички договор на двајцата тренери Борче и Дарко Костовски покрај на носителот на највисокото државно спортско признание „Национално спортско признание“, Дејан Георгиевски, носител на истото врвно признание ќе биде и претседателот на МТФ и тренер д-р Борче Костовски, информираа од македонската таеквондо федерација.
Ова треба да биде поттик за многу идни спортисти и тренери, главниот мотив секако треба да ни биде Македонија, посочуваат од федерацијата
Претседателот на МТФ, и тренер д-р Борче Костовски и спортистот Дејан Георгиевски ќе имаат доживотни месечни примања во висина од 1,4 просечни плати месечно.
OhridNews