Фудбалската школа Охрид Топ Тим започна соработка со фудбалскиот клуб „V.V. Kolping Boys“ од Холандија кој донираше неколку чифта тренерки, копачки, спортски торби, шушкавци и друга опрема кои ќе ги користат младите фудбалери и тренерите.
– Од името на ФК ОХРИД ТОП ТИМ, изразуваме голема благодарност на нашите пријатели од Холандија, особено на младиот Далибор Велески, кого повторно го очекуваме да го видиме во боите на нашиот клуб и ова лето. Воедно, упатуваме отворена покана до нашите холандски пријатели V.V. Kolping Boys да бидат наши гости во Охрид. – изјавија од клубот.
Охридските бели ги завршија своите обврски за сезонава, но не престанаа со тренинзите и се подготвуваат за турнирите кои престојат во летниот период.
OhridNews