Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ од 22 до 26 јули организира спортска недела која ќе се одвива на градскиот базен.

– Ми преставува особена чест и задоволство што со директорот на Ј.П. Билјанини Извори можиме да најавиме спортска недела која ќе се одвива на градскиот базен. За овој настан предвидовме голем број на учесници за таа цел воспаставивме контакти со повеќе категории на граѓани. Ние ќе направиме се што е домет на Општината да го омасововуаме спортот во Охрид – рече секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески.

Во спортската недела учество ќе земат здруженијата на пензионерите, градинките и сите рекреативци кои ќе го посетат градскиот базен.

Мх.П.