Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и советниците за спорт, Ѓорги Тасев и Даниел Димевски, денес заеднички го промовираа новиот систем на финасирање во спортот.

На овој настан беа присутни спортски работници, претставници на спортските федерации и компании, како и поддржувачи на спортот.

  • Дојде и денот да ги покажеме резултатите од ветената и долгонајавувана поддршка за финансирањето на спортот и спортистите во Република Македонија. Пред вас, со големо задоволство објавувам дека системската поддршка на спортот од страна на Владата веќе доби конкретна форма и механизам за подобрување на состојбата во македонскиот спорт, а исто така и услов за поголем напредок и подобри резултати на македонските спортисти. Нашата стратешка цел – да ги зголемиме средствата за спортот и да гарантираме негова самостојност и развој, од денес, започнува да заживува со системот на финансирање попознат како ваучерски систем. Нови 6 милиони евра во македонскиот спорт кои ќе растат во иднина, покрај постоечката финансиска поддршка што АМС ја дава на федерациите. – изјави премиерот.

Со овој ваучерски систем, според Заев, делот од данокот на добивка, ќе се стави на располагање на спортските субјекти, за сите спортски клубови и федерации, што значително ќе го подигне нивото за развој на квалитет и ја зголемуваме финансиската моќ на спортските клубови.

Финансиските поволности ќе се добиваат преку пренасочување на дел од данокот на добивка од претпријатијата, што значи дека стопанските субјекти, дел од својата обврска за данокот на добивка наместо да ја платат на државата, ќе имаат можност да ја вложат во спортски клуб или спортист.

Целиот систем ќе биде спроведуван и контролиран од стручно тело кое ќе се формира во рамките на Агенцијата за млади и спорт.

OhridNews