Организаторите на почетокот на зимските олимписки игри осигурале 100 илјади кондоми, по 14 на секој спортист. Но не им биле доволно, па олимпиското село морале да го опремат со дополнителни 8500 парчиња. Шефицата на канадската агенција за борба против сидата изјавила дека тоа не е ништо необично. Според неа тоа се млади луѓе, кои се многу активни на спортските терени но и надвор од нив.


Бурните ноќи на спортистите во Ванкувер не изненадија никого, а сведочењата на поранешните учесници на олимписките игри потврдуваат дека многу малку спортисти се придржуваат до упатствата за воздржување од секс за време на игрите.