Возење кајак, едрење, пливање, велосипедизам, тенис, аеробик…. го исполнија денешното претпладне на голем број охриѓани и гости од сите возрасти кои го прифатија спортскиот предизвик и беа дел од настанот „СПОРТИКУС-ДЕН ЗА СПОРТСКИ ПРЕДИЗВИК“ кој во организација на Црвен крст Охрид, а со поддршка на клубот за спортови на вода „Акватика“, пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“, велосипедскиот клуб „Екодром“ и други помагатели, се одржа денеска на просторот на Центарот за безбедност на вода на Црвен крст Охрид кај плажата Горица 1.
Екипите за прва помош на Црвен крст Охрид вршеа основни здравствени прегледи на посетителите, а дел од тимот на спасители на вода имаа освежувања на своите знаења за укажување прва помош. За најмладите атрактивно беше возењето во спасителниот чамец со спасителите на вода на Црвен крст Охрид.
Црвен крст Охрид денеска ги промовираше и новите мобилни тимови за укажување прва помош, кои во летниот период со посебно опремени велосипеди ќе патролираат по охридските плажи и ќе укажуваат прва помош во случај на потреба.
OhridNews