Младински Совет Охрид, во рамките на програмата за развој на рекреативниот спорт ,,СПОРТ ЗА СИТЕ – ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ“, го организира првиот турнир во мал фудбал за деца од 12 до 15 години.

На турнирот се пријавени 12 екипи, составени од по 8 членови, кои рекреирајќи се ќе се борат за првото место на турнирот кој ке се настојува да биде традиционален.

Турнирот започнува во Сабота од 10.00 часот на игралиштето во ОУ Св. Климент Охридски-Охрид, со свечено отварање, а натпреварите започнуваат во 11.00 часот на игралиштата во ОУ Св. Климент Охридски и Христо Узунов.

Во текот на денот ке се одиграат 6 квалификациони натпревари, додека наредниот ден, како и наредниот викенд ке се одиграат ,,бод систем,, натпреварите од групите А и Б.

Полуфиналниот натпревар предвидено е да се одигра на 26.10.2008 година, додека финалето на 01.11.2008 година.

ohridnews