Викендов во Охрид како ретко до сега ќе има богата спортска програма за сите сладокусци. На менито од охриѓани ќе има елитен ракомет, кошарка и фудбал.
Спортската завеса во Охрид ќе ја кренат ракометарките на Лихнид кои во сабота во 12 часот во пионерската лига силите ќе ги одмерат со тимот на Преспа.
Во 19 часот во сабота премиерен настап пред охридската публика ќе го има новоформираниот кошаркарски клуб Охрид кој против Ангели ќе дебитира во Втората лига .
Спортската недела започнува на „Грашница“ во 14:30 часот со дуелот меѓу Воска и Злести од седмата рунда од Општинската фудбалска лига.
Најдоброто од целата понуда останува за крај, а тоа е ракометното дерби меѓу Охрид и Прилеп во Супер лигата. Натпреварот во „Билјанини Извори“ започнува во 19 часот.
Ohridnews