“Спорт за сите, сите за спорт“ е мотото на првиот спортски отворен ден кој во организација на ЈП “Билјанини Извори”, Црвен крст-Охрид и Сојузот за училишен спорт- Охрид ќе се одржи во сабота.
На спортските терени на СРЦ “Билјанини Извори”, во сабота, 27.09.2008 г., од 11:00-13:00 ч., преку презентација на повеќе од 20 спортски дисциплини кои се негуваат во Охрид, присуство на видни спортисти и спортски работници, презентација на здрава храна, охриѓани од 7 до 77 години, одблиску ќе можат да се запознаат со спортските капацитети, но и со спортските клубови кои егзистираат во Охрид, а воедно ќе имаат можност да заиграат фудбал, кошарка, бадминтон, тенис, хокеј на трева, да пробаат некоја атлетска вештина, а сето тоа да го зачинат со здрава храна и многу забава.
Ваквиот хепениг кој за прв пат се одржува во Охрид се очекува да побуди интерес кон активно спортување и правилно насочување на луЃето, особено младите, практикување на спорт во секојдневниот живот и водење на здрав живот.
Во рамките на оваа манифестација во салата на СРЦ “Билјанини Извори” Ќе се одржи и меЃународен кошаркарски натпревар со учество на јуниорските клубови од Охрид и Нови Сад, Србија.
Деталите за и околу отворениот ден ќе бидат откриени на денешната прес конференција која ќе се одржи во Спортска сала.
Во рамки на петтото коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид во четврток гостуваат кај екипата на Тиквеш Тиквеш е добра екипа, особено кога играат дома Ќе биде тежок натпревар, се на...
И годинава на Велигден во Велгошти се одигра традиционалниот фудбалски натпревар помеѓу “Стари” и “Млади” Поуспешни во празничната спортска пресметка беа „старите“ кои славеа со 5:3 Натпреварот што...
Охридскиот супер херој Марко Пејчиновска на 28 август ќе се соочи со нов предизвик – нестандарден IRONMAN околу Охридското Езеро во должина од 106,8 километри, видоизменет поради повредата ко...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.