На 4 декември, сабота, со почеток во 19 часот, во салата „Билјанини извори“ ќе се одигра Езерското ракометно дерби помеѓу Охрид и Струга. Атмосферата во таборот на Охрид е позитивна. Екипата е комплетна и најавува голема борба за бодовите кои во моментов се од исклучително значење за двата тима.

Знаеме за какво ривалство се работи, секако дека се чувствува притисок. Психички се подготвуваме и за атмосферата што ќе биде во сала и за натпреварот, вели играчот на ГРК Охрид Филип Николов во Спорт + на OhridNews.

Покрај играчите за дербито се подготвуваат и навивачите. „Рибари“ најавуваат навивачки спектакл и очекуваат победа на своите миленици.

За нас е ова натпревар на сезоната. По пауза од две години поради ситуацијата со Ковид-19 вирусот сега се враќаме на трибините на голема врата, се подготвуваме максимално. Очекуваме победа и ги повикуваме сите охриѓани да ни се приклучат, нашиот собир е во 16:30 часот на плоштадот кај „Мини маркет“ од каде ќе се упатиме кон спортската сала „Билјанини Извори“, истакна Мартин Дојчин еден од водачите на навивачката група „Рибари“.


Се вжештува атмосферата пред Езерското ракометно дерби на 4 декември
Г.М.