До спортската редакција на Ohridnews пристигна писмо од Атлетискиот клуб Охрид кое ви го пренесуваме во целост.
Државното првенство за сениори/ки кое се одржа на 19.07.2015 во Скопје се одржа без најдобрите атлетичари од охридскиот клуб.
Доколку земеа учество планираните 7 атлетичари од нашиот клуб ќе се вратевме со 9-10 златни медаљи, поточно Славчо Мирчески со две златни медаљи во дисциплините скок во далечина и трискок, Блаже Љушев со една златна медаља во дисциплината 110 пречки, Стефан Стефаноски со една златна или сребрена медаља во дисциплината фрлање диск, Јуллијана Велјаноска со две златни медаљи во дисциплините фрлање диск и ѓуле, Мартина Мироска со две златни медаљи во дисциплините скок во далечина и 100м, Ивона Димитриеска со една златна медаља во дисциплината 100 пречки и Даниела Митреска со една златна медаља во дисциплината фрлање копје.
Сето тоа е само на хартија, а за реалноста остана само да сонуваме. Изгледа дека овој наш град се сака само не го сака спортот. Ова е една од можните причини за нашиот најдобар, и најтрофеен клуб да се распадне.
Дали е тоа целта?
Поддршка од Општината Охрид немаме иако се вели дека во континуитет го следат и поддржуваат спортот.
Професор и тренер на екипата Влатко Димитров.