Владата ја разгледа и усвои информацијата за овозможување содржина и емитување на македонски и албански јазик на Спорт Клуб и Арена Спорт, кои емитуваат програма во нашата држава.
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе формира работна група со релевантни институции и ќе пристапи кон изнаоѓање начин за спроведување на заклучокот за регулирање на јазичното покривање со официјален јазик на барем на спортските канали, кои се реемитуваат на територијата на Северна Македонија преку јавни комуникациски мрежи, – стои во одлуката на Владата од вчерашната седница.
АЕК има рок од три месеци да се изјасни за оваа можност. Со овој потег се оди кон заштита на македонскиот јазик кога се работи за официјалните мечеви, кои се играат и пренесуваат од Македонија.
OhridNews