На кафе во Скопје или на седница во Струга ке биде прашањето на кое ке треба да дадат одговор 106 делегати на собранието на ффм кое во сабота во 11 часот ќе се одржи во струга во х.Дрим. Охридскиот општински сојуз има пет делегати и тоа преседателот на ОФС Диме Попоски,потоа Тони Иваноски, Зоран Ѓорески, Ѓоко Ночески и Богоја Маркоски .
По релаксираниот натпревар против Тетекс и првата стотка во првата Б лига лидерот во првата Б лига кошаркарите на АМАК СП ке гостуваат во Велес кај Леов Ангели
– Подготвени влегуваме и во овај натпревар ,кој нема да биде воопшто лесен ,салата 25 мај во Велес сигурно ке биде исполнета до последното место – вели тим менаџерот Гацов. Голем хендикеп за нас е неиграњето во Охрид, практично ние сме гости на сите натпревари.
После серијата порази во превенствто ракометарите на Климент Охридски во “Б“илјанини ја пречекуваат екипата на Тутунски .Слично како и Кл.Охридски и припелпчани мака мачат со финансите, а најдобрите играчи го напуштија клубот која се наоѓа на 6 позиција на табелата: охридските ракометари во тимот на Тутунски ја глеадаат можноста за прв триумф во сезоната, натпреварот се игра во сабота во 19.00.
Фудбалерите на Илинден кои имаат само теоретски шанси за опстанок во втората лига во Прилеп против Караорман го играат последниот натпревар од казната која им беше одредена по прекинот од натпреварот со Турново .
Охридските бели по одложениот натпревар од првото коло во југозападниот регион ,премиерниот натпревар во пролетниот дел ќе го одиграат против Младост од Оризари, деби на клупата ке има Маркоски Гоце .
Марјан Ецкоски ке биде главен судија на натпреварот од првата лига кој се игра во Кичево помеѓу екипите на Влазрими и Победа ,ќе му помагаат Тодоровски Жарко и Чакарески Лазе .4 судија е Стефчо Шулески .
М. Постолоски