Дерби натпреварот од 8-то коло во Првата машка кошаркарска лига вечерва се игра во салата „Билјанини извори“ каде домаќинот АМАК СП го пречекува Пелистер од Битола. По 7 одиграни кола АМАК СП е на делба на третата позиција, а Пелистер е втор.
На останатите средби се среќаваат:
Рабитнички Ф. – Фени Индустри
Маврово – Вардар Осигурување
Карпош Соколи – Струмица
Фудбалерите на Охрид на поправен
Фудбалските второлигаши денеска го играат 13-то коло. Охридските „сини“ на „Билјанини“ се домаќини на Дрита. Охрид според одлуката на ФФМ два првенствени натпревари треба да одигра без публика, поради инцидентот на натпреварот со Вардар Декамел.
На домашен терен игра и куп сензацијата Илинден. Во Велмеј илинденци ја пречекуваат Алумина.
ohridnews