Фудбалерите на Скопје ја прекинаа победничката серија на Илинденци на домашен терен играјки нерешено 1-1.
Три црвени картони, промашен пенал , бод за гостинот е епилогот од натпреварот во Велмеј .Двете екипи ќе жалат за испуштената шанса со нови три бода до го “ збогатат“ своето салдо.Но по сите случувања на теренот ремито се покажа како реален исход.

Добро започнаа домашните и по првата посериозна прилика ја застресоа мрежата на гостите.По слободниот удар на В.Ѓоршески голманот кратко ја одби топката,а Клечкароски со четвртиот гол во првенството ги доведе домакините во водство ,навестувајки интересен натпревар .Сепак не променет резултатот остана се до 52 мин кога “пиратите“ стигнаа до израмнување. По изведниот корнер, Јовков прифати еден отпадок биеше попатно топката закачи некого во одбранта и отседна во мрежата на Капрически. Шансата да стигнат до три бода Илинденци имаа по еден час игра кога по играњето со рака во казнетиот простор беше досудена најсторга казна.“Трагичарот“ е Ѓоршески кој успеа да го измами Наумовски но ударот заврши во дирекот.продолжија домашните да напаѓаат, но казната за сите тие промашувања лесно можеше да ги стигне во финишот преку контрата на Јованоски кој изби “очи в очи“ со Капрически кој излезе поуспешен .

Охридските сини го доживеаа третиот пораз по ред на гостувањата .Во најефикасниот натпревар на колото Миравци беше поуспешен од Охрид со 3-2 .

Караорман го претрпе петтиот пораз во серија , во Неготино беше минимално поразени 1-0 .

На останатите натпревари: Алумина – Брегалница 0-0 ,Тетекс – Нов МИленуим 1-0 , Беласица – Турново 1-2 , Слога Ј. – Влазрими 2-1 , Металург  – Дрита 0-1 , Маџари – Локомотива 0-2

На табелата води Турново со 22 бода а втора е екипата на Миравци со 19,  Илинден со 11 бода е на десетто место ,а Охрид со 10 е единаесетти . Последнопласиран е струшки Караорман со 3 бода .

Ракометарите на Климент Охридски поразени се вратија од гостувањето во Скопје кај Металург.Натпреварот помеѓу Струшки Илинден и Младост е одложен за Среда .Натрпеварот од наредното 3 коло ракометарите на Климент Охридски ке го играат на 17 Октоври во среда против Прилеп.

Ракометарктие на Фон Универзитет го претрпеа третиот пораз во женската прва лига.Во Струга поуспешни од “студентките“ беше Амбалажа Кабран со 32-22 . До средината на овај месец ракометарките на Фон Универзитет требе да го разберат името на противникот во европскиот Челенџ Куп .

Два – Два е крајниот биланс на пријателските натпревари помеѓу АМАК СП и Пелистер ,последниот од серијата натпревари го добија битолчани со 74-71 .Ако нема дополнителни откажувања новото кошаркарско првенство ке започне наредниот викенд, а во првото коло охригани му гостуваат на шампионот Струмица 


[email protected]