Последното коло е на програмата на македонските фудбалски шампионати. Екипата на ФК Охрид на СРЦ Билјанини Извори го пречекува полуфиналистот во макдеонскиот национален куп Нов Милениум. Во пресрет на последното коло екипата од Сушица има ист број на бодови како и Охрид-17 .



Дали ќе го поправат впечатокот ??

Натпреварот ќе го суди Јакимоски Дејан од Скопје а ќе му помагаат  Кипријановски Горан и  Пројковска Ивана .
Стартот на натпреварот е во 13 часот а снимката од мечот ќе може да ја гледате на НТВ во 18 часот.
На останатите натпревари играат Влазрими – Турново, Беласица – Локомотива, Металург – Тетекс, Миравци – Алумина, Вардар д. – Маџари с., Караорман – Брегалница. Дрита – Скопје натпреварот  ќе го води Ецкоски Марјан а ќе му помагаат  Неделкоски Драге и Јолески Злате, четврти судија е Шулески Стевче . Слободна е екипата на Слога Ј.

Во првата македонска фудбалска лига викендов играат:Во Неготино Башкими– Цементарница, во Тетово Ренова – Вардар. Пелагониското дерби помеѓу Победа и Пелистер ќе се игра во Прилеп, лидерот на табелата на Градски ќе го пречека тимот на Драган Бочески Напредок, Милано игра против Шкендија, а во Ѓорче Македонија ѓ.п. – Силекс главен судија на мечот е Маркоски Марјан а ќе му помагаат стружаните Негриески Кирил и Грданоски Симон

Дербито во кошаркарското првенство се игра  во Охрид. АМАК СП ќе игра против Струмица. Натпреварот се игра во недела во 18 часот.

нивната помош ќе биде повеќе од потребна – “Рибари“

Последното десетто коло е на програмата во женското кошаркарско првенство. По одложениот минатонеделен натпревар поради немањето на струја во салата Билјанини Извори,викендов Охриѓанки му гостуваат на Младинец.

Мечот со Младинец последен годинава ! !

Мирко Постоловски