Серијата порази го спуштија ГРК Охрид во средината на табелата во Супер лигата на делба на 7-то место со РК Прилеп. Токму прилепчани утре вечер во 18 часот во салата „Билјанини извори“ доаѓаат на гости во Охрид.

Гостите имаат квалитет, но ние сме подготвени да им се вратиме на победите и да ја исполниме нашата цел, влез во плејофот и борба за првите 4 места на табелата, вели во Спорт+ ракометарот на Охрид Алекса Милошевиќ.

Се подготвуваме веќе 10 дена за овој меч. Прилеп има добра и брза полуконтра и брз центар. Ќе се трудиме брзо да се враќаме во одбраната, да не дозволиме брзи голови. Гостите имаат квалитетна екипа, но мислам дека ние во првите 6 кола покажавме дека имаме свој квалитет и дека се зависи од нас. Како ќе го започнеме натпреварот, така и ќе се заврши. –  истакна Милошевиќ.

Г.М.