Нова стотка ,нова победа за АМАК СП.

Лидерот во Првата Б лига кошаркарите на АМАК успешно заврши  уште едно гостување овојпат во Велес против тимот на Леов Ангели .Најрасположени за игра беа Богавац и Стојаноски кои искомбинираа 55 поени и уште во првиот дел го решија прашањето на победникот заминувајки со +30 предност. До крајот рутинирано го решија натпреварот 103-72. Наредното коло ќе биде вистински тест за можностите на АМАК кој ќе се сретне со  екс суперлигашот Маврово .

РК Климент Охридски-Тутунски 29:35 

Силно мотивирани охриѓани влегоа во натпрепреварот против Тутунски на кои се понадеваа дека може да стигнат до првата победа во вториот дел на првенството . Во дуелот на екипите кои мака мачат со финасиите посупешни беа гостите.
 
Гостите ја имаа инцијативата по стартот на мешот и на двапати со серии од по 3-0 во средината на првиот дек се одлепија на пристојни +5 со кои се озамина на полувремето.Почетокот на вториот дел повторно им припадна  на прилепчани кои нападнаа и направија солидна предност. Охридските бели во последните 15 мин  со серија 6-1 во последните 10 мин се доближија на – 4, 27-31. Неколку напади не ги реализираа, по што следуваа контри на гостите кои си обезбедија мирен финиш.

Фудбалерите на Илинден го доживеаја четвртиот пораз по ред во новото првенство губејќи во Прилеп од Караорман со 0-3.

Кошаркарките на Билјана 006 поради немање финасиски средства не отпатуваа на гостувањето во Скопје на мечот против „Водњански Лисици“.