Решавањето на билатералниот спор за името наметнат од страна на Грција, ќе биде најголем предизвик за Република Македонија, сметаат граѓаните на Охрид. Тоа го потврдува и анкетата поставена на нашиот интернет портал, во која 705 читатели, или 42% одговориле дека решавањето на спорот за името со Грција ќе биде најголемиот предизвик на Македонија во 2009 година.


478 читатели, или 29%, сметаат дека организацијата на претстојните локални и претседателски избори ќе биде најголем предизвик за државата во годината во која го раситнивме првиот месец. 438, или 27%, од читателите за најголем предизвик ја сметаат светската економска криза, а само 2% или 40 читатели на Ohridnews, сметаат дека главен предизвик во 2009 година треба да ни биде подобрувањето на меѓуетничките односи.

Ohridnews